
Во пресрет на ноември или во контекст на месецот на подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата со наслов „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција, која се отвора на 14 ноември во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ 20 часот.
Имено, оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“, кој има цел да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно поврзана со ликовната уметност, критиката и теоријата, кои во соработка со кокуратор од галеријата ќе работат на некоја тематика што ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија, со цел од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно богатство. За првото издание го поканивме д-р Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар, книжевен преведувач, кој ја предложи темата „Мустаќлии“, а негов кокуратор беше виш кустос, м-р Ана Франговска.
Текстот Изложбата „Мустаќлии“ в четврток во „Мала станица“ е превземен од МАКФАКС.