Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Изложба на „Вевчански видувања“ во Париз по повод 11 Октомври

$
0
0

По повод Денот на народното востание на Македонија вчера во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Париз, Франција, се одржа свечено отворање на изложбата на слики на меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ под мотото: „Пред и по бојата – слика многузборна“.

Во присуство на дипломатскиот кор, уметнции, претставници на медиуми и други гости на изложбата беа претставени делата на 30 еминентни македонски сликари, како и на нивни колеги од Франција кои изминатите години имаат учествувано на ликовната колонија, која секоја година се одржува од 25 јуни до 10 јули во живописното Вевчани.

Во чест на големиот празник на Република Македонија оваа манифестација, освен промовирањето на државата во меѓународни рамки, како и на уметноста воопшто, има цел да даде свој придонес во насока на натамошно јакнење на вкупните позитивни односи помеѓу македонскиот и францускиот народ, како и помеѓу двете држави.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>