Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Изложба „Танц на рацете“ на Сергеј Анреевски

$
0
0

Самостојната изложба на академскиот сликар Сергеј Андреевски „Танц на рацете“ ќе биде отворена утре во галеријата „Акантус“ во 20 часот.

„Авторот е доблесна творечка енергија во која ритуалот на сликање со раце има магична моќ, која нè внесува во нерамнините на почвата на предците. Неговите дела на фигури, животни, портрети немаат монотонија, нивната линеарност и графизам со јак колорит имаат алхемиска конотација. Тие се клуч кој ги отвора вратите на овој чудесен свет на авторовата ризница. Живеењето и сликањето со нескротлива страст и еуфорија се предизвик на човек со вечна младост, кој го слави животот. Со боите и графизмот на цртежот тој црта. Формите на фигурите се со драматична снага, крик, импулс на колоритен спектакл. Денот се раѓа со песната на птиците, жуборот на водата, мирисот на цвеќето.
Претците како духови оживуваат пред нашите очи и танцуваат, благословувајќи ги рацете на својот наследник “, вели Марина Лешкова, куратор на изложбата.

На изложбата се поставени 40-ина дела што досега не биле претставени пред скопската публика. Дел од нив се претходно изложувани во Берлин, Москва, Љубљана.

Изложбата ќе биде отворена до 10 декември.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>