Во реновираниот, атрактивен и во Охрид престижен галериски простор во Куќата на Робевци, од викендов, самостојно излага реномираниот македонски автор Стефан Хаџи Николов.
Хаџи Николов, овој пат, пред публиката се претставува со пејсажите од неговата најнова творечка фаза.
Стефан Хаџи-Николов, акададемски сликар, е роден во 1955 година во Скопје, каде завршил Педагошка академија.
Член е на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1984 година.
Неговата уметничка презентација во Македонија и ширум светот се протега на период од 3 децении, за кое време реализирал 70 самосојни изложби во Скопје, Нови Сад, Љубљана, Солун, Софија, Лондон, Албена, Париз, Анкара, Истанбул и во други градови.
Исто така Хаџи-Николов учествувал и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор, и е добитник на повеќе награди за сликарството во нашата земја и светот, помеѓу кои и престижната Државна награда „23 октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста.
Носител е и на наградата “Климент Охридски”, Специјална награда за сликарство на Авторската агенција на Македонија, Есенска изложба на ДЛУМ, уметничка галерија Скопје, наградата “Вангел Коџоман”, наградата од бугарската национална асоцијација, статуата “Златен феномен” (Golden phenomenon), доделена од страна на бугарската асоцијација “Феномени ”, (АСФЕН), членка на Меѓународна академија по информатизација при ООН, за дела и творештва со исклучително хумано и естетско значење.




