Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на Скопско лето и во соработка со Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС), ја организираат изложбата „УЛУС/Слики-скулптури-графики“, која ќе се отвори во петок, 14 јули, во 20.30 часот во галерискиот простор на НЛБ Тутунска Банка.
Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС) една е од најстарите организации на Балканот, основана во 1919 година. Струковно здружение, кое ја продолжи работата на првито професионално здружение на српски уметници за пластични уметности и музика. Брои повеќе од две илјади членови, креатори на различни генерации.
На изложбата на слики, скулптури и графики во организација на Здружението на ликовни уметници на Србија во соработка со Здружението на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат изложени 55 дела.
Белег на оваа изложба е, пред се, аспирациите на двете здруженија и нивните членови на субјективни креативни сили да се поттикне и промовира меѓународна соработка, квалитетот и разновидноста, со размена и собирање на искуства, негување на независен сензибилитет. Софистицираното и поетско чувство на уметникот, љубов и сензуалност, енергија и инстинктивно чувство за естетика ни даваат претстава за состојбата на духот и обичаите на времето во кое тие создаваат. Специфично и интересно на овој пионерски потфат е богатството на идејни, тематски и изразни љубопитства, од една страна на современи и иновативни, а од друга страна традиционални, но секако карактеристични во своите автентични авторски личности.