Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Хрватската пејачка Тереза Кесовија ќе ја отвори ликовната колонија „Вевчански видувања“

$
0
0

Вечерва, од 21 часот, во населбата и истоимена општина Вевчани ќе биде отворена Осмата ликовна колонија „Вевчански видувања“, позната како “Фондација Киро Глигоров”.

Годинава, учествуваат триесетина реномирани уметнички имиња од земјава и странство.

Организиторот – угостителскиот бренд „Виа Игнација“, се погрижи, годинава да има спектакуларно отворање, со настап на кралицата на хрватските шансони, едно од најголемите музички имиња на Балканот, Тереза Кесовија.

Вевчанската ликовна колонија низ годиниве на постоење стана препознатлива и прочуена културна манифестација ширум светот.

Дела од оваа колонија во месец април беа изложени во Москва, како дел од манифестацијата „Арт – Балкан 2017“, на Универзитетот за уметност и дизајн.

Претходно, слики од колонијата беа претставени на меѓународни изложби во Подгорица, Софија и „MC Gallery“ во Њујорк, САД.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>