Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Изложба: „Почеток без крај” на Ана Ивановска

$
0
0

Во Уметничката галерија – Куманово, на 23-ти jуни во 20 часот, ќе се отвори изложбата „Почеток без крај” на ликовните уметници Ана Ивановска и Ангел Миов во организација на НУ Музеј Куманово и ЗПРУ Кибер Панк Куманово.

Публиката ќе има можност да погледне една несекојдневна форма на ликовен израз кој подразбира амбиентална мултимедијална инсталација, поточно објект поставен на подот од галеријата и видео-арт проектиран на плафонот проследено со звуци. Делото покрај својата визуелна функција претставува и една комплексна содржина којa кај побликата побудува емоции и прашања поврзани со човековите размисли за постоењето, вечноста, патот и времето. Самиот наслов насочува на едно читање кое треба да воведе кон поставување на вечните прашања но и еден конкретен миг од вечноста која е преточена во дело кое е „Почеток без крај”.

Ивановска и Миов припаѓаат на младата генерација ликовни уметници кој континуирано работат и се присутни на македонската и светската сцена, се познааваат уште од средно уметничко училиште, студираат во истата класа на ФЛУ каде што магистрираат.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>