Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Отворена изложбата „Во кревет” на Мила Добревска во МКЦ

$
0
0

Во МКЦ, од 16 до 23 септември, за јавноста е достапна изложбата „Во кревет“ на младата авторка Мила Добревска.

„Многу сум им благодарна на сите што дојдоа на отворањето и се надевам дека љубителите на визуелната уметност ќе ја посетат мојата прва самостојна изложба“, вели Мила Добревска.

Од МКЦ, пак, велат дека изложбата претставува истражување на душата и потсвеста на човекот во својата најинтимна, најлична состојба. Овој опус, веројатно, доаѓа од авторовото истражување на личното и интимноста. Со креативната репрезентација на секојдневието делата се претставени како потрага по инстинктивното и потсвесното.

Мила Добревска е современа визуелна авторка (сликарка и мозаичар), која со својот единствен ликовен јазик, комбинирајќи ги експресивните движења на четката, играта на боените површини, како и редењето на мозаиците, има цел да доловува и да буди силни човечки емоции. Родена е 1999 година во Скопје. Средното образование го завршува во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел сликарство, а своите студии ги продолжува на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија, каде што дипломира како визуелен уметник и мозаичар. Моментно, Добревска ги завршува своите постдипломски студии на истиот факултет во Равена, со фокус на мозаик.

Текстот Отворена изложбата „Во кревет” на Мила Добревска во МКЦ е превземен од МАКФАКС.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>