Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Изложба на Никола Радуловиќ во Музејот на современата уметност

$
0
0

Во Музејот на современата уметност – Скопје утревечер, на 8 ноември, со почеток во 21 часот ќе се отвори изложбата „Система“ на Никола Радуловиќ. Куратор на постановката е Бојана Јанева-Шемова.

Никола Радуловиќ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници доделена од Музејот на современата уметност – Скопје.

„’Система- Book of Sclavin 2.0′ е вториот дел од книгата ‘Book of Sclavin’ – серијалот на анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра ‘Генеза’ ја формираат трилогијата ‘Book of Sclavin’“, вели авторот.

„Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и  играта пазлс во изложбениот простор.

Постановката ќе биде отворена до 8 декември.

Текстот Изложба на Никола Радуловиќ во Музејот на современата уметност е превземен од МАКФАКС.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>