
„Убавината на Тетово во различни времиња“ е насловот на изложбата на фотографии што синоќа беше отворена во Тетово.
На отворањето пред присутните се обрати министерот за култура Хусни Исмаили, кој истакна дека Тетово е град со долга и богата историја, култура и традиција, кој со целиот свој сјај и автентичност својата сегашност ја живее врз темелите на богатото културно-историско минато.
Тој додаде дека постарите жители со носталгија се сеќаваат на она Тетово што веќе го нема, на градскиот шарм, но и на карактеристичните градби што и денес може да се видат на фотографиите како спој на минатото и сегашноста.
Изложбата, која е во организација на здружението за просвета, култура и уметност „Калкан“ од Тетово, се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.
Текстот Отворена изложбата на фотографии „Убавината на Тетово во различни времиња“ е превземен од МАКФАКС.