
Утре во 19 часот во Уметничката галерија на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се отвори изложбата „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски.
Во Уметничката галерија во Прилеп ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно од најновата продукција на Мице Јанкуловски – Форма 3, која е препознаена како исклучителна од страна на професионалната јавност во светот, за што зборуваат и последните награди: „Лоренцо Ил Магнифико“ Награда за животно остварување на Биеналето Фиренца 2019, Италија, наградата „Уметник на светот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар, „Гран при“ на Меѓународното биенале за графика Варна 2017, Бугарија и многу други.
Куратор на изложбата ќе биде Корнелија Конеска
Делата од оваа фаза на Мице Јанкуловски се карактеризираат со: монохромност – зашто се насликани само со една боја – црна, модуларност – затоа што димензиите се обмислени и секогаш во одреден однос една со друга, мултипликација – затоа што сликите се мултиплицираат и така создаваат нови дела, минимализам – зашто делата, концептот и смислата се постигнати со минимални елеманти, што е најтешко да се постигне, но сликите се резултат на 50-годишно уметничко творештво.
Оваа, 2019 година, Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината, освен во Македонија, ќе има самостојни изложби во Торино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.
Текстот „Форми во црно“ – изложба на Мице Јанкуловски во Прилеп е превземен од МАКФАКС.