
„4 перформанси, една идеја“ е следниот проект на професорот Мифтар Мемети, кој ќе се одржи во 20 часот во објектот Чифте амам.
Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети, кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно му ги посветил последните 10 години од своето творештво. Овој негов 10-годишен труд, инспириран од албанската историја и култура, преку 4 перформанци ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам. На изложбата се прикажани 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 одделни дела во голем формат.
Изложбата ќе биде поставена до 1 септември.
Текстот Мифтар Мемети со „4 перформанси, една идеја“ во Чифте амам е превземен од МАКФАКС.