Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

„Форми во црно“ –изложба на Мице Јанкуловски во Охрид

$
0
0

На 2 август 2019 (четврток), во 20 часот, во музејот „Куќата на Робевци“ во Охрид, ќе се отвори изложбата „Форми во црно“ на Мице Јанкуловски.
Куратор на изложбата е Корнелија Конеска.

Изложбата ќе ја отвори Мелани Зеферино, Италија, автор на текстот „Формите во царството на естетската меморија“ за творештвото од „Форма 3“ на Мице Јанкуловски.

Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал разни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи разни материјали и техники вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво, кое опфаќа разни медиуми, го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност што постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот преклопувајќи се на рамнина што се протега бескрајно далеку…

Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во палатата „Ка ‘Занарди“ во рамките на „Остен-павилјон Венеција“, Италија, галеријата „Лола Николау“ во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; „Архиви дела мизерикордија“ во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција, и голем број групни изложби.

Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво: наградата за животно остварување „Лоренцо ил магнифико“ на Фиренца биенале, Италија, оваа година, наградата „Уметник на светот“ на биеналето „Ларнака“, Кипар 2018, гран при на Меѓународното биенале на графика во Варна, Бугарија, во 2017 и многу други…
Оваа 2019 година Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Стент Петербург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Текстот „Форми во црно“ – изложба на Мице Јанкуловски во Охрид е превземен од МАКФАКС.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>