Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

„Спомен од Битола 2019“ –изложба на фотографии на Скопско лето

$
0
0

Вечерва во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Спомен од Битола 2019“ во Ликовниот салон на Културно-информативниот центар – Скопје.

Изложбата е во соработка со Амбасадата на Државата Израел и Acta Non Verba.

На овогодишните комеморијални настани по повод 76 години од депортацијата на Евреите од Македонија во Треблинка, учесници беа поттикнати да фотографираат и да учествуваат во интернационлен натпревар во фотографии „Спомен од Битола 2019“. Шломи Амсалем го водеше натпреварот и беше негов куратор. Од неколку стотици фотографии, осумчленото жири на чело со судијата Јижак Адијас ги избраа победничките фотографии.

Во соработка со израелскиот фонд за кооперација и за промоција на проектот во Битола и со поддршка од ARHAM и ACTA non verba, изложбата ќе биде прикажана во Скопје откако беше прикажана во Министерството за надворешни работи на Израел.

Дваесет и седум фотографии се дел од изложбата, прикажувајќи ги настаните од март.

Текстот „Спомен од Битола 2019“ – изложба на фотографии на Скопско лето е превземен од МАКФАКС.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles