Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг

$
0
0

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски со наслов Continuity, со која завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски за време на својот престој на Факултетот за визуелни уметности на Универзитетот „Лингнан“, предаваше разни техники на изработка на скулптура.

Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов Continuity го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата, покрај делата на Ефтимовски, беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој.

Александар Ефтимовски е автор што своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 града во светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број приватни колекции во Германија.

Текстот Изложба на академскиот скулптор Александар Ефтимовски во Хонг Конг е превземен од МАКФАКС.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>