Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Иложба на Свето Стефановски на „На зајдисонце –Трпејца 2018“

$
0
0

Вечерва, од 20.30 часот, во амбиентот од преубавата надезерска и крајезерска Трпејца, започнува традиционалното, годинава седмо по ред, културно-забавно лето – „На зајдисонце – Трпејца 2018“.

На чинот на свеченото отворање на манифестацијата „На зајдисонце“, на веќе позната сцена „Кај бунарот“, ќе биде отворена изложба на уметнички дела од Свето Стефановски, новинар, публицист, екологист и ликовен уметник.

Последниве години Стефановски живее на релацијата помеѓу Скопје и Охрид.

Ликовната кртика за него ќе забележи: „Делата на Свето Стефановски имаат препознатлив стил и јазик со изразита енергија. Широка е палетата на неговото изразување. Кај него ќе најдете и пејзаж, и стара чаршија, и Охрид, и цркви и манастири, ама и цвеќе. Тој не му робува на традиционалното сфаќање на догмите за сликарството. Ослободен е од пресликување на стварноста. Природата кај него е дематеријализирана“.

– Свето Стефаноски е уметник во чиии ликовни оствартувања може да се препознаат експресивни моменти, а кои авторот ги изразува со силен естетски и душевен порив. Чистототата во неговите слики е толку јасна, што пораките се надовруваат една врз друга, успешно давајќи ни многу повеќе од она што го знаеме. Свето Стефаноски се движи, уметнички созрева кон една содржина, вертикала и височина, што наредниве години ќе го внесе во најпознатите галерии во земјата и светот – вели познатиот ликовен уметник Јордан Манасиески.

Вечерта со својот настап ќе ја збогати и сè популарното музичко и од неодамна брачно дуо ДИС – Денис Мурат и Стефани Стефановска од Скопје.

Текстот Иложба на Свето Стефановски на „На зајдисонце – Трпејца 2018“ е превземен од МАКФАКС.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>