
Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва со почеток од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Иван Ивановски. Во серијата цртежи и слики насловени „Симптоми“, според кураторката Јованка Попова, Ивановски го третира сепството како темелно конструиран субјект, создаден и одржуван од мрежи на културни, историски, интелектуални и морални дискурси, кои ги манифестираат односите на моќ во капиталистичкиот поредок.
На отворањето на изложбата музички перформанс ќе изведе авторот Masculinity. Изложбата е поддржана од МКЦ Скопје и Министерството за култура.
Иван Ивановски e визуелен уметник, кој дипломирал вајарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а се образува и на Академската програма за режија на Ф.А.М.У., Р. Чешка. Добитник е на наградата „Денес“, за млад ликовен уметник. До сега има реализирано 17 самостојни и повеќе групни изложби во Македонија и странство. Работи скулптури, цртежи, инсталации, слики и видео, филм и анимација. Дел од неговите филмови се претставени и наградени на различни регионални и интернационални филмски фестивали.
Текстот Самостојна изложба на Иван Ивановски во МКЦ е превземен од МАКФАКС.