Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Изложба на победничките фотографии на Pride Photo Award во „Мала станица“

$
0
0

Изложбата на победничките фотографии на Pride Photo Award за 2016 ќе биде отворена утре, 5 декември, со почеток во 20 часот во „Мала станица“.

Изложбата ќе ја отворат министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп.

Pride Photo Award е меѓународен годишен фотографски конкурс со фокус на сексуалниот диверзитет и родовиот идентитет. Секоја година фотографи од светот ги споделуваат своите најкреативни, најпредизвикувачки и нестереотипни погледи на родот и сексуалноста. Меѓународно експертско жири ги селектира најдобрите дела по што се организира светска изложба. Изложбата веќе беше поставена во Амстердам, Болоња, Џакарта, Ханој и во Сан Франциско.

Pride Photo Award има цел да придонесе кон поправичен и инклузивен свет преку видливост на сексуалниот и родов диверзитет и создавање свесност за другиот.

„Во време кога личните ставови се под силно влијание на визуелната информација, фотографијата нуди моќна и современа алатка за општествени промени. Сликите поседуваат уникатна моќ да едуцираат и информираат бидејќи ги надминуваат јазичните бариери и културните разлики. Преку доделување награди и изложување фотографии, во чиј фокус се прикажани приказни отаде очигледното, Наградата за прајд фотографија го разоткрива она што се обидуваат да го затскријат малигните моќи и медиуми.
Преку стремежот да се прикаже свет отаде конформистичките хетеронормативни толкувања на сексуалноста и поедноставените бинарни концепти за родот, Наградата за прајд фотографија разоткрива свет ослободен од стереотипите и предрасудите“, се вели во најавата за изложбата.

Изложбата е во организација на холандските амбасади во Тирана, Приштина и во Скопје, во партнерство со Коалицијата СЗПМЗ и со финансиска поддршка од градот Амстердам и фондациите „Ахмеа“, „Фондс 21“, АФК и „Трутфондс“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>