Quantcast
Channel: Изложби –МАКФАКС
Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

„Јавна соба“: Изложба на Сузана Зафирова

$
0
0

Со 16 сликарски композиции во комбинација од неколку техники, како и декоративни предмети утре, во 19:00ч,  во „Јавна соба“ ќе биде отворена изложбата „Мост” на Сузана Зафирова.
Изложените уметнички слики се дел од творечкиот циклус „Заѕиданата невеста“ во кој Сузана се осврнува на големината на жртвата која произлегува од состојбата на безизлезност. Од денешна перспектива, на саможртва направена во минатото може да се гледа како на инвестиција за бчлагосостојба во сегашноста.

Покрај 16 уметнички слики на авторката, на изложбата ќе бидат понудени и повеќенаменски декоративни предмети. Предметите се украсени со апстрактни и флорални мотиви во живи бои и експлозивни контрасти и нивната употреба е ограничена само со вашата фантазија.

Сузана Зафирова дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Љубљана во 1977 година. Во текот на 15 тематски циклуси има одржано над 40 самостојни изложби во земјите во регионот.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 569

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>